Екипата на Барселона во Лигата на шампионите вчера претрпе пораз од Монако со 2:1, но тренерот Ханси и Флик и покрај поразот и стартот без бодови е оптимист.
Голманот Андре Тер Штеген немаше своја вечер и токму по негова грешка дојде црвениот картон на Ерик Гарсија во 11 минута, а со играч помалку на теренот Барселона не издржа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Горд сум на овој тим и сум голем оптимист. До крајот имаме уште седум натпревари и сигурен сум дека ќе се вратиме посилни. Имаше разочарување во соблекувалната, но јас им кажав дека треба да се опоравиме за натпреварот со Виљареал.
Верувам дека немаше да биде исто ако имавме 11 играчи, но треба да ја прифатиме ситуацијата, не можеме ништо да промениме“, изјави Флик.