Во ноември Нико Ковач доби отказ на клупата на Баерн, а како привремено решение на клупата на германскиот гигант беше доведен Ханс Флик.
Флик на клупата требаше да биде неколку натпревари додека клубот не пронајде решение, но Баерн со него се препороди, па клубот му даде шанса, а тој им возбрати на најдобар можен начин – со тројна круна!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што одминуваше времето на клупата, Баерн на Флик се претвораше во вистинска машинерија, круна на сезоната беше вчерашната победа против ПСЖ. Флик од неговото доаѓање од ноември на 36 натпревари успеа да оствари фантастични 33 победи.
„Кога дојдов тука, низ медиумите се пишуваше „Повеќе нема потреба за страв од Баерн“, „Овој Баерн е катастрофа“…И слични работи. На сето тоа мојот тим одговори спектакуларно. Резултатите кои ги остваривме се плод на напорна работа. Да се освојуваат титули не е лесно, ама овој тим покажа дека има моќ и квалитет за такво нешто. Единствена работа која ни недостигаше беа нашите навивачи“, изјави Флик после освојувањето на титулата.