Дома Фудбал Германија Флик изгради МАШИНЕРИЈА: Статистиката на Баерн е страшна

Флик изгради МАШИНЕРИЈА: Статистиката на Баерн е страшна

Вчера Барселона доживеа вистински потоп од Баерн во четврфиналето од Лигата на шампионите, Каталонците беа поразени со неверојатни 8:2.

Германскиот гигант игра навистина фатнастична сезона и изгледа како „казнена експедиција“ за противниците, реално тие се прв фаворит за освојување на трофејот во најелитното европско натпреварување сезонава.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Статистиката на Баерн оваа сезона изгледа навистина неверојатно и страшно за противниците.

Баерн од почетокот на Лигата на шампионите, значи од групната фаза во девет натпревари има девет победи со постигнати дури 39 гола..

Со вчерашните четири гола на Барселона до 31 минута тие го срушија сопствениот рекорд кој го поставија против Порто во 2015 кога на Португалците им дадоа „покер“ за 36 минути.

Ако се сметаат сите натпреварувања Баерн на последните 28 натпревари има 27 победи и едно реми. Ремито е против Лајпциг кој исто така игра полуфинале во ЛШ, нивни противник е ПСЖ.

Флик изгради МАШИНЕРИЈА!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шок за навивачите на Барселона: Олмо за 70 милиони евра може да заврши во Премиер лигата!

Тотенхем Хотспур се подготвува да достави значајна понуда за Дани Олмо во висина од 70 мил…