Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Ренова: Судијата Стојчевски е казнет за судењето против Шкупи, се покажа дека бевме во право

ФК Ренова: Судијата Стојчевски е казнет за судењето против Шкупи, се покажа дека бевме во право

Откако Фудбалската Федерација на Македонија ги објави судиите за новото 12. коло во ПМФЛ од ФК Ренова излегоа со соопштение во кое тврдат дека судијата Игор Стојчевски е казнет.

Имено, Стојчевски ја делеше правдата на претходниот натпревар на Ренова против Шкупи во Скопје и од тетовскиот тим имаа реакција на неговото судење. Со соопштението објавено денес тие истакнуваат со казната од ФФМ односно неделегирањето на Стојчевски е показателч дека биле во право.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Реакциите од последниот натпревар со Шкупи во Скопје се покажаа како исправни. Според информациите со кои располагаме, главниот судија Игор Стојчевски и неговите помошници се казнети неделегирани за натпреварите овој викенд. Ренова го загуби натпреварот со Шкупи поради тендезиозно судење затоа што ако противничкиот играч беше исклучен во 12. Минута од тој натпревар резултатот можеше да биде поинаков. Очекувавме да нема коректно судење и пред мечот, но не до овој степен. Не сакаме помош, ние сакамо сакаме правда“, порачуваат од Ренова во клупското соопштение.

Фото: ФК Ренова

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…