Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Ќатип Османи го продолжи договорот со Ренова

Официјално: Ќатип Османи го продолжи договорот со Ренова

Како што објави македонскиот прволигаш Ренова, Ќатип Османи ќе го води клубот и во наредната сезона.

Османи во Ренова се врати во 2020 година откако имаше кратка епизода на кормилото на Шкупи каде што не се снајде баш најдобро. Со него на чело Ренова во баражот се спаси од испаѓање, а сезонава играа подобар фудбал и не се доведоа во ситуација до последен момент да стравуваат за прволигашкиот статус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради таквите резултати продолжувањето на договорот беше и нешто што се очекуваше. Во првиот мандат како тренер Османи во клубот помиан пет години од 2012 до 2017 година. Потоа работеше во Шкендија со која ја освои титулата.

Заедно со Османи во Ренова останува и неговиот помошник Башким Ливорека. Ренова потврди и дека стручниот штаб ќе биде засилен за Самир Фетаи, играчот на овој клуб кој по завршувањето на актуелната сезона одлучи да стави крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…