ФИФА изгледа спрема нова фудбалска револуција на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи на крајот од годината.
Светската фудбалска организација има намера да постави камери во соблекувалните на екипите и снимките да се пуштаат во текот на преносите. Така навивачите би имале прилика да видат во какво расположение фудбалерите влегуваат во натпреварите и други детали.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ФИФА сака Катар да биде чекор понапред, а за оваа идеја ќе се разговара на следниот состанок. Најавите се дека можат да бидат поставени две камери, додека снимката би се пуштила во некое време од преносот и на полувремето.
Изборот на пуштените снимки ќе биде случаен и фудбалерите нема да знаат што ќе се пушти во преносот. Се чека и реакција на репрезентациите на овој предлог.