Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА му угодува на домаќинот: За главен судија во битката за бронза избра Катарец кој судел еден натпревар

ФИФА му угодува на домаќинот: За главен судија во битката за бронза избра Катарец кој судел еден натпревар

За главен судија на финалето беше избран Полјакот Шимон Марчинијак од Полска и тоа е одлука која не привлече толку големо внимание, но посебното внимание на јавноста е насочено кон судијата кој е избран за дуелот за третото место.

Во битката за бронзата ќе се сретнат Хрватска и Мароко, а главен на центарот на овој натпревар ќе биде Абдулрахман Ал Јасим кој на цел Мундијал судеше само на еден натпревар.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Тој судеше само на натпреварот од 1. коло помеѓе САД и Велс, додека на дуелот Португалија – Ургувај беше четврти судија. Тоа беше се на него од овој шампионат за сега да добие задача да суди во утешното финале.

Со знакот на ФИФА Ал Јасим е од 2013 година, досега нема позначајно делегирање. Очигледно е дека ФИФА со овој потег сака да се заблагодари на организаторот, но и да привлече домашна публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Александар-Арнолд на удар од жестоки критики во Шпанија

Трансферот на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид, кој требаше да биде остварување на с…