Дома Македонски спорт ФИФА ги зголеми премиите: Ако Македонија игра во Катар ќе добие 12 милиони долари

ФИФА ги зголеми премиите: Ако Македонија игра во Катар ќе добие 12 милиони долари

Светската фудбалска федерација, ФИФА ги зголеми премиите за Мундијалот кој ќе се игра во Катар во 2022 година.

Македонија вчера ги дозна противниците во групата во квалификациите, ќе играме против: Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Германија секако е апсолутен фаворит за првото место кое носи директно во групите на Мундијалот, ние се надеваме дека можеме да се бориме за втората позиција која обезбедува бараж.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


ФИФА се одлучи за овој Мундијал да ги зголеми премиите, па така победникот ќе инкасира 50 милиони долари. Само за пласманот на Светското првенство секоја репрезентација ќе добие 10 милиони долари, плус дополнителни два за подготовките.

Ова значи дека ако Македонија се пласира на собирот на најдобрите светски селекции ќе добие 12 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Грешка на голманот му ја донесе победата на Арсенал, Манчестер Јунајтед покажа блесоци и стари слабости

Арсенал ја започна новата сезона со тешка победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 в…