Најголемиот спортски објект во нашата земја, градскиот стадион „Филип Втори“ ќе го менува името.
Имено, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за „Ефимерида Тон Синдакон“ потврдил дека ќе се менуваат имињата на сите спортски федерации во согласност на преспанскиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грчкиот медиум го испратил ова прашање после неодамна одиграниот квалификациски против Летонија кој го добивме со 3:1.
Кога во прашање е новото име на стадионот се шпекулира за неколку опции.
Постои опција да се вика „Национален стадион Скопје“, а отворена е и можноста да го носи името по некој спонзор доколку се јават заинтересирани компании кои би го добиле правото на името на одреден временски период. Ваков случај практикуваат поголемиот дел европски клубови со цел да остварат поголема заработка. Меѓутоа засега не се споменуваат имиња на некои компании кои би биле заинтересирани.
Наводно една од опциите и стадионот да го носи по името на македонската музичка легенда, Тоше Проески.