Вчера вечер пожар го зафатил тетовскиот Градски стадион во подтрибинскиот простор. Од пожарот настраделе дуќаните кои се наоѓале таму, како и поголем дел од столчињата.
Противпожарната единица на Тетово нешто повеќе од еден час се борела со огнот за да се згасне и локализира. На крајот се завршило со материјална штета, во гаснењето учествувале девет пожарникари и четири возила.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во 2016 година имаше проект да се реновира овој стадион, тогаш ФФМ со општината и УЕФА потпишаа договор, меѓутоа се реализираше само променатата на теренот. Најави за реновирање имаше и од првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани.