Себастијан Фетел ја однесе победата на Големата награда на Канада. Германецот мораше да се задоволи со втората позиција поради казната од пет секунди.
Фетел во директен дуел со Хамилтон направи грешка и излезе надвор од стазата, а при враќањето тргне директно кон Хамилстон. Изгледаше дека поинаку не ни можеше бидејќи губеше контрола, но така не мислеше дирекцијата на трката која му даде казна од пет скунди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот триумфираше Хамилтон кој на патеката заврши како втор, додека неговата позиција на стазата му припадна на Фетел кој не можеше да се помири со тоа.
Германецот беше бесен после трката и одлучи својот болид да не го паркира на местото каде што доаѓаат трите првопласирани болиди.
После се тој пријде на местото каде паркираше Хамилтон и знакот „прво место“ го помести на знакот каде што тој требаше да паркира, а пред болидот на Хамилтон стави „место број два“.
Погледнете како тоа изгледаше:
#Vettel made my day #F1 #Legend #Stolenvictory pic.twitter.com/R4TehhkzCm
— Markus (@Numenor_N7) June 9, 2019