Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го повика Солскјер да го извади од тимот Хари Мегваер.
Најскапиот дефанзивец во светот направи многу грешки во последно време, а последната беше против Данска пред неколку дена, кога доби црвен картон во првото полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во вакви ситуации, во кои сум бил и јас, неопходна е пауза и да бидеш надвор од тимот. Можеби е време Хари да добие краток одмор за да го собере мислите и да ја врати самодовербата. Солскјер треба да донесе тешка одлука и одговорноста е голема“, смета Фердинанд.
„Се сеќавам кога Фергусон ме замени на еден меч и ми рече:„оддалечи се од се, тренирај добро и пак да се вратиш“. Точно тоа беше одлично за мене“, откри Фердинанд.