Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја одредил цената за Мегваер – тешко дека некој ќе ја плати!

Манчестер Јунајтед ја одредил цената за Мегваер – тешко дека некој ќе ја плати!

Навивачите бараат, но засега не е познато дали Хари Мегваер наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во најголем дел од сезоната, Мегваер добиваше жестоки критики од навивачите за неговите реакции во одбраната, а според последните информации од Островот, Јунајтед ја одредил цената по која сака да го продаде.

Но, ако информациите се точни тешко дека некој би ја платил. Наводно, Јунајтед за услугите на Мегваер ќе бара сума од 50 милиони фунти што изгледа како премногу ако се земат во предвид неговите настапи.

Во претходниот период Мегваер се поврзуваше со трансфер во Астон Вила, меѓутоа тие се спремни максимално да понудата 30 милиони фунти. За Мегваер е неизвесно и дали во иднина ќе биде дел од репрезентацијата затоа што Саутгејт истакна дека ако нема минутажа во клупскиот фудбал, тогаш не може да му гарантира место во англиската селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…