Младиот голман на Емен, Кејл Шерпен одигра одлично оваа сезона во холандската лига и го привлече вниманието на големите клубови.
Шерпен денес потпиша за Ајакс и од следната сезона ќе ги брани боите на клубот од Амстердам, но „проблем“ е неговото минато.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тој како дете пред неколку години на Твитер се декларираше како голем фан на Феенорд и славеше против Ајакс.
Сега, луѓето од Ајакс му дадоа домашна задача и мораше 100 пати да напише „Ајакс е најголем клуб во Холандија“.
Еве како изгледаше тоа…
'Ajax is de mooiste club van Nederland' ?? pic.twitter.com/UusaaWT8mG
— AFC Ajax (@AFCAjax) April 24, 2019