Дома Фудбал Англија Феноменалниот Швајни го убеди Мурињо: Ќе биде на листата за Европа!

Феноменалниот Швајни го убеди Мурињо: Ќе биде на листата за Европа!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа убедлива победа од 4-0 против тимот на Виган, во ФА Купот, а натпреварот го одбележа феноменалниот Бастиан Швајнштајгер кој за прв пат сезонава беше во стартниот тим.

32-годишниот германски фудбалер синоќа го имаше својот прв старт оваа сезона, одигра фантастично, постигна гол, запиша асистенција и беше прогласен за играч на мечот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


После целата тортура која ја доживеа Швајнштајгер од страна на Мурињо покажа дека е професионалец и го убеди „Специјалниот“, кој најави дека Германецот ќе биде додаден во составот за Лига Европа.

„Швајнштајгер останува, ќе биде додаден и во листата на играчи за Лига Европа бидејќи се отворија места по заминувањето на Депај и Шнајдерлин“, изјави Мурињо.

„Немаме многу играчи и немаме многу опции во средниот ред. Можеби 90 минути против Виган беа премногу за Бастијан, веројатно по 65-70 минута беше тешко за него, но мислам дека сега е среќен. Тој беше добар професионалец кога не играше. Пред нас имаме многу натпревари па секако дека тој е опција“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бизарно: Навивачи изнесоа ковчег на улица, па го „погребаа“ најголемиот ривал (Видео)

Фудбалскиот клуб Сампдорија за првпат во историјата испадна во Серија C, третиот ранг на и…