Дома Фудбал Останато Феликс сака да остане во Барса, но даде изјава која нема да им се допадне на навивачите

Феликс сака да остане во Барса, но даде изјава која нема да им се допадне на навивачите

Фудбалерот на Барселона Жоао Феликс даде изјава која веројатно не им се допаѓа на навивачите на Барселона.

Португалскиот ас ги издвои Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор за најдобри во светот во овој момент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Најдобар во светот во овој момент? Килијан Мбапе, а веднаш зад него и Винисиус Жуниор“, одговори Феликс.

Причината поради која ваквата изјава не им се допаѓа на фановите на Барселона секако е што Винисиус е играч на Реал Мадрид, а неодамна и трансферот на Мбапе во Мадрид беше потврден.

Доби Португалецот прашање и за неговата иднина, кога тој би се прашувал би останал во Барселона, меѓутоа не зависи се од него.

„Во овој момент јас сум на позајмица. Мојата желба е јасна, сакам да останам. Сепак, тоа зависи од неколку фактори и ќе видиме што ќе се случува“, одговори Феликс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…