Роџер Федерер утре игра уште едно АТП финале.
Швајцарскиот тенисер во родниот Базел има шанса за нова титула, бидејќи во финалето игра против Де Минуар, кој претходно во три сета и по два од три добиени тајбрејкови го совлада американскиот играч Опелка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Роџер играше против многу посилен тенисер, Стефанос Циципас, но Гркот не можеше да му се спротистави на Швајцарецот кој го победи со 6:4, 6:4. Федерер утре го игра 157. финале и оди кон 103. титула и доколку нема да има некоја сензација, би требало да дојде до победа.
Ова е негово 15. финале во родниот град, а од последните 63 натпревари во Базел победи на дури 60.