Дома Останати Федерер открива: Зошто играме подолго? Се е многу полесно и растат наградните фондови

Федерер открива: Зошто играме подолго? Се е многу полесно и растат наградните фондови

Рожер Федерер даде интересен одговор на прашањето зошто денес тенисерите играат подолго отколку нивните претходници.

Швајцарецот има 36 години и понатаму е еден од најдобрите тенисер во светот, сеуште освојува Грен слемови, а освен него доминира и Рафаел Надал кој исто така е еден од ветераните на овој спорт.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Наградните фондови растат, можеби тоа е еден од мотивите да продолжиме да играме. Исто така, играчите остануваат здрави бидејќи повеќе вложуваат во масажи, терапии, опоравување…Турнирите и АТП нас ни обезбедуваат подобри услови. Многу полесно се патува, отколку порано, имаме директни летови. Сето тоа ни ја олеснува работата и ни овозможува да играме подолго“, изјави Федерер.

Федерер во средата се пласираше во осмина финалето на Мастерсот во Шангај каде што ќе игра против Александар Долгополов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Крај на соработката: Мареј веќе не е дел од тимот на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и британската тениска легенда Енди Мареј повеќе нема да сор…