Дома Останати Тенис Федерер најави кога би можел да се врати на терените: Не планирам да играм 20 турнири годишно

Федерер најави кога би можел да се врати на терените: Не планирам да играм 20 турнири годишно

Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња долго време се мачи со повреди и не се бори за трофеи.

Последниот настап Швајцарецот го имаше на минатогодишниот Вимблдон каде што во четвртфиналето изгуби од Хуберт Хуркач. Потоа Швајцарецот беше подложен на нова операција на коленото и од неа се уште се опоравува.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сега Федерер откри кога би можел да се врати на терените.

„Знаев дека опоравувањето ќе б иде долг процес, операцијата беше неопходна. Не можев да играм повеќе после Вимблдон, се надевам дека ќе се вратам на Лајвер Купот во септември. Сигурно и во иднина нема да можам да настапувам на 20 турнири годишно, програмата ќе биде редуцирана. Знам дека моите деца сакаат да одиме на места како Лондон или Мајами“, изјави Федерер.

Федерер веќе има 40 години и на зад себе има 20 Грен слем титули, а веројатно ја изгуби трката со Надал и Ѓоковиќ на оваа листа, со оглед што двајцата се уште освојуваат турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хаос на тениски меч, малку фалеше да за тепачка: Ајде ако смееш излези надвор!

Конфликт на тенискиот натпревар во Бастад: „Зошто ми го кажа тоа? Да се видиме надвор, ако…