Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер призна дека поддршката на навивачите му значи многу.
Федерер веројатно е најомилениот лик кај навивачите и каде и да се појави добива голема поддршка. тој порача дека доколку не биле навивачите, ќе се повлекол пред шест години.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Навивачите ми беа важни во кариерата, се чуствував како дома каде и да одам. Да не беа тие, веројатно ќе се повлечев пред шест години.“ – изјави Федерер во разговор за “Style”.
Инаку, Федерер моментално е со освоени 20 Гренд Слема, а последната ја освои на почетокот на годината во Австралија. За месец дена ќе наполни 37 години.