Дома Останати Тенис Федерер го откри најтешкиот момент во неговата кариера

Федерер го откри најтешкиот момент во неговата кариера

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е прва ѕвезда на „Лајвер Купот“ во Лондон затоа што тука големата тениска легенда ќе го одигра последниот натпревар во кариерата.

Пред својот последен меч во петок Федерер даде интервју во кое откри дека има проблемите со колената и затоа не може да игра во сингл.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Среќен сум и изненаден колку добро го удирам топчето, но нема да можам da играм во сингл и не е опција да настапам во Базел“, изјави Федерер.

Роџер се потсети на неговиот најтежок момент во кариерата.

„Последниот сет против Хуркач минатата година на Вимблдон беше најлошиот час во мојата кариера. Сфатив дека повеќе ништо не функционира. Разочарувањето беше како огномет во мојата глава не знаев како да продолжам со коленото“, изјави Федерер.

После кариерата ќе остане во тенисот.

„Многу би сакал да продолжам да играм егзибициони натпревар. Сакам да играм такви мечеви во наредните шест до девет месеци и да ги повикам сите мои сопатници на ова големо патување да им се заблагодарам“, откри Швајцарецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…