Дома Останати Тенис Фантастичниот Синер го „разби“ Фриц и го освои УС Опен

Фантастичниот Синер го „разби“ Фриц и го освои УС Опен

Jaник Синер со доминантна игра во финалето го победи Тејлор Фриц со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 7:5) за два часа и 17 минути и така дојде до својот втор грен-слем трофеј сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На САД Опен Синер стигна по допинг скандалот, но на теренот покажа дека тоа не оставило трага на неговата психа. Преку целиот турнир изгледаше максимално фокусирано и не дозволи да биде изненаден.

Во финалето Синер уште на стартот направи брејк, меѓутоа Фриц брзо врати и го одзема сервисот на Италијанецот за 2:2. Сепак, во продолжение од сетот Синер беше многу подобар и поведе со 1:0.

Во вториот сет не видовме брејк до последниот гем кога Синер го освои клучниот сет за водство од 2:0.

Не се откажува Фриц и во седмиот гем направи брејк за 4:3, па пр 5:4 сервираше за да го освои првиот сет во мечот. Синер тогаш освои три гема во низа и стави точка на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…