Дома Трансфер зона Фановите во „ТРАНС“ – Евертон го договори засилувањето од 58 милиони евра!

Фановите во „ТРАНС“ – Евертон го договори засилувањето од 58 милиони евра!

Eкипата на Евертон не застанува и во клубот пристигна и 11 засилување во овој преоден рок.

Управата на „карамелите“ после долги преговори се согласи да плати 58 милиони евра за играчот од средниот ред на Свонси, Сигурдсон, па тој во наредните денови ќе се пресели на „Гудисон Парк“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од овој трансфер освен Свонси корист ќе има и тимот на Тoтенхем кој би требало да добие околу седум милиони евра.

Со овој потег тимот на Евертон изгледа става точка на фантастичниот преоден рок во кој успеаа да доведат како што споменавме 11 фудбалери.

Сигурдсон ќе им се приклучи на Руни и Класен, но да потсетиме редовите на Евертон ги напушти Ромелу Лукаку кој на клубот му донесе заработка од скоро 100 милиони евра, а наскоро се очекува и заминување на Рос Баркли на Евертон би му донел заработка од 35 милиони евра.

Исланѓанецот во минатата сезона за Свонси постигна 10 погодоци и запиша 13 астиенции на 38 натпревари.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…