Дома Останати Тенис Фаворитите без проблеми:Мареј и Федерер во четвртфиналето на Вимблдон

Фаворитите без проблеми:Мареј и Федерер во четвртфиналето на Вимблдон

Енди Мареј во осминафиналето на турнирот на кој е бранител на трофејот славеше против Пер со 3:0 во сетови.

Неговиот следен противник е Американецот, Сем Квери кој по голема битка со 3:2 во сетови триумфираше над Кевин Андерсон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ лесно и убедливо со 3:0 во сетови славеше над Роберто Баутиста- Агуто од Шпанија.Следниот противник во следната рунда ќе биде победникот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Милер.

Чешкиот тенисер пак славеше над Австриецот Тим и го чека својот противник по дуелот помеѓу, Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарин.

Роџер Федерер пак, беше далеку поуспешен против Бугаринот, Григор Димитров со 3:0 во сетови, а во следната фаза ќе се соочи против подобриот од дуелот помеѓу Милош Раониќ и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Мареј го замени рекетот со палка за голф – тргнува во потрага по милиони

Тениската легенда Енди Мареј тргнува во потрага по милиони на поинакво спортско поле. След…