Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е блиску до договор со Ал Наср, а во клубот од Саудиска Арабија треба да заработува 200 милиони евра по сезона, објави утрово шпанскиот спортски весник „Марка“.
„Роналдо е блиску до договор со Ал Наср. Тој во овој клуб ќе заработува 200 милиони евра по сезона, а во договорот ќе биде ставена и клаузула за рекламирање. Роналдо нема избор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ниту еден европски клуб не може да ја следи финансиската понуда на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС“, пренесува „Марка“, гласеше објавата на „Марка“.
Дополнување сега даде познатиот новинар Фабрицио Романо.
„Клучна точка во понудата се спонзорските договори, не е во прашање само редовната плата. Адвокатите на Роналдо ќе проверат дали може да се договорат за правата на имиџиот бидејќи главниот дел од предлогот вклучува комерцијални договори.
Кристијано исто така се уште не донел одлука затоа што е фокусиран на Светското првенство. Понудата не е ниту одбиена, ниту прифатена“
Cristiano Ronaldo has received a formal proposal from Al Nassr, confirmed. 🚨🇸🇦 #Ronaldo
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 30, 2022
Almost €200m per season until 2025.
But… big part is sponsor deals, so it’s not clear yet if image rights can be agreed.
Nothing done/signed or decided.
Cristiano, focused on World Cup. pic.twitter.com/tVhgLhz92N