Дома Фудбал Италија Фабрицио Романо – момчето кое на 28 години стана „крал на преодните рокови“

Фабрицио Романо – момчето кое на 28 години стана „крал на преодните рокови“

Фабрцио Романо во овој момент е еден од најпознатите новинари во светот.

Овој Италијанец стана познат по ексклузивните информации од светот на фудбалот и скоро ретко кога греши кога ќе објави некоја информација. Денес неговата реченица „here we go“ стана славна. Кога ќе ја објави, можеме да веруваме дека трансферот е пред реализација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Романо на само 18 години започнал да се занимава со новинарство. Работеше за мал портал во Италија, а потоа добил повик кој му го променил животот.

„Еден агент ме побара и ми кажа: Знам дека си млад новинар и ако можеш би сакал да ми помогнеш и да напишеш текст за двајца фудбалери со кои разговарам. Тоа беа Жерар Делофеу и Мауро Икарди. Останав во добар однос со него и тоа ми помогна, посебно кога Икарди дојде во Италија. Веста за неговиот трансфер во Интер беше моја прва голема вест“, изјави Романо.

Денес Фабрицио е апсолутно ѕвезда во светот на трансферите. Агентите сами му се јавуваат и му пренесуваат информации за големи трансфери, а во текот на преодниот рок работи скоро цел ден.

Романо има 28 години и сигурно дека уште долго ќе биде на врвот на листата најдоверливи новинари.

„Трансфер пазарот е вистинска џунгла. Секогаш треба да го очекувате неочекуваното, секој ден. Јас го сакам таквото чувство. Би го споредил со натпревар во Лигата на шампионите, односно кога ќе објавите голема вест е како да сте постигнале гол во финале на ЛШ. Знам дека не е возможно сите информации да ги имате први. Мене целта ми е да бидам точен и луѓето да веруваат кога нешто ќе објавам“, изјави Романо.

Во продолжение погледнете неговиот краток документарец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…