Фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас, го достигна својот стотти меч во Лигата на шампионите.
Големото достигнување на фудбалерот се случува во дуелот против Рома на „Олимпико“, Фабрегас го почна дуелот и го запиша својот стотти настап.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно, само девет шпански фудбалери во историјата запишале 100 настапи во ЛШ, а оние кои како помлади стигнаа до тој податок во ова натпреварување се Икер Касиљас и Раул Гонзалес.
Исто така, денес вредно за напомена е и дека Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид, го забележа својот 32. настап во ЛШ со што се изедначи на листата Словенци кои имаат најмногу настапи со Златко Заховиќ.
Така што, се очекува Облак да биде апсолутен рекордер во Словенија.