Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Уште една чудна одлука: Дали Швајцарија има посебен третман кај ФИФА?

Уште една чудна одлука: Дали Швајцарија има посебен третман кај ФИФА?

Многу прашина во медиумите се крена после натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија, што поради скандалозната прослава на головите на Шаќири и Џака, што поради недосудениот пенал над Александар Митровиќ…

Србите по натпреварот се прашуваа како е можно Феликс Брих кој е Германец да ја дели правдата на натпревар на кој игра Швајцарија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И како тоа да не и беше доволно на ФИФА следниот натпревар на Швајцарија ќе го суди Французин?!

Звучи навистина неверојатно после таквиот кикс на Брих, ФИФА да го одреди Французинот Келмонт Трупан…

Зошто неверојатно?

Имено, после Германците, Французите се најбројна нација во Швајцарија и францускиот јазик е прогласен за втор во уште една соседска земја!

Многумина сосема логично обвинуваат на посебен третман на Швајцарија бидејќи претседателот на ФИФА Џани Инфантино и шефот на судиската организација, Масимо Бусака се Швајцарци…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мурињо го одби Реал: „Не сметајте на мене, не гледам сапуници“

Реал Мадрид има привремен тренер, но е јасно дека управата на клубот бара трајно решение п…