Дома Македонски спорт Мак ракомет Уште една македонска пресметка во Германија: Тоскоски против Лазаровски и Гинов 📸

Уште една македонска пресметка во Германија: Тоскоски против Лазаровски и Гинов 📸

Во пониските ракометни лиги во Германија вчера видовме и една македонска пресметка.

Игор Тоскоски во улога на тренер играч со својата Аполда се соочи со Ивица Лазаровски и Мартин Гинов од редовите на Мухлаусен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тоскоски во минатото беше дел до тимот на Пелистер кој ја освои последната двојна круна во сезоната 2004/2005. Во Пелистер го делеше голот со имиња како Петар Ангелов (Диви), Никола Митревски, Марјан Андонов, Стефче Стефановски, Шандор Ходик, Виктор Горбах, Дамјановиќ, Петар Мисовски, Чаневски…

Покрај Пелистер го носеше дресот уште на Слога Добој и Доукас од Грција со кој освои двојна круна. Под водство на Гино Стрезовски два пати добиваше повик во репрезентацијата на Македонија.

На спротивната страна Лазаровски ја игра својата петта сезона во Мухлаусен, а претходно беше дел од Борец, Куманово, Пелистер, имаше епизоди и во Саудиска Арабија и Турција.

Гинов пак ја игра својата петта сезона во Мухлаусен претходно ја градеше кариерата во македонските клубови Металург, Куманово, Борец и Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…