Дома Фудбал Англија Уште една легенда замина во пензија: Лампард му кажа збогум на фудбалот!

Уште една легенда замина во пензија: Лампард му кажа збогум на фудбалот!

lampard

Легендарниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард, соопшти дека ја завршува професионалната кариера и покрај тоа што има голем број на понуди да продолжи да игра.

38-годишниот Англичанец соопшти дека сега е вистинското време да стави крај на богата кариера и да започне ново поглавје во животот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„По 21 извонредна година, решив дека ова е прав момент да ставам крај на кариерата. Добив голем број на возбудливи понуди од Англија и странство, но на 38 години чуствувам дека ова е право време да го започнам следното поглавје во мојот живот. Горд сум на трофеите кои ги освоив, тоа што го носев дресот на Англија на повеќе од 100 натпревари и што постигнав преку 300 погодоци во кариерата”, истакна Лампард.

Френк Лампард, најголемите успеси ги постигна со Челзи каде што го мина најголемиот дел од својата кариера од 2001 до 2014, која ја започна во Вест Хем Јунајтед, а ја продолжи во Манчестер Сити и Њујорк Сити.

Лампард со 211 голови е најдобриот стрелец во историјата на клубот од „Стенфорд Бриџ“, додека за репрезентацијата на Англија постигнал 29 голови на 106 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…