Дома Трансфер зона Уште една европска ѕвезда се сели во Јапонија

Уште една европска ѕвезда се сели во Јапонија

Во Јапонија еден клуб пробува да направи мегатим за тамошните услови.

Имено, Висел Кобе веќе во своите редови ги имаат Андрес Иниеста, Давид Вила и Лукас Подолски. Тука е и Серхио Сампер, кој ја помина фудбалската академија на Барселона „Ла Масија“, а го имаат и поранешниот напаѓач на Хофенхаим, Велингтон.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сега овој клуб сака да го доведе и Томас Вермален на кого неодамна му истече договорот со Барселона и моментално е слободен играч.

33-годишниот Белгиец во својата кариера играше за Ајакс, Валвик, Арсенал, Барселона и Рома, а со каталонскиот тим во сезоната 2014/15 ја освои и ЛШ.

Вермален веќе одби понуда од Ал-Араби, а моментално се наоѓа во Јапонија каде преговара со Висел Кобе.

Секако се работи за одличен играч кој наскоро би можел да им се приклучи на големите имиња на овој клуб, само не е јасно, како покрај овие играчи Кобе е на 15-то место во јапонското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…