Македонскиот фудбалски клуб Вардар доби забрана за трансфери поради случајот „Максимов“.
Литванскиот клуб Тракаи се жалеше во ФИФА и тврдеше дека Вардар направил нерегуларности при плаќањето на клазулата за Максимов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Тракаи на својата страна се пофали дека ФИФА досудила во нивна корист и Вардар добил забрана за трансфери од четири месеци и парична казна. Забраната практично значи дека Вардар не ќе може да доведе засилувања за следната сезона.
Максимов во Вардар пристигна во последниот ден од преодниот рок во 2017 година пред Вардар да ги игра квалификациите за европските натпреварувања. Сепак, тој бидејќи не беше на време пријавен затоа што Тракаи не му даде сертификат не можеше да игра во Европа.
Тогаш од Траки се жалеа дека Вардар ги прекршил правилата, додека од таборот на црвено-црните порачуваа дека клазулата од 50.000 евра била платена според прописите.
Од Вардар сметаа дека имаат аргументи за да се пресуди во нивна корист, меѓутоа не било така и денес како гром од ведро небо пристигна шокантната вест од Цирих.
Максимов во Вардар настапуваше со привремена лиценца, а клубот го напушти во есенскиот дел од оваа сезона поради проблемите со работната дозвола кои дојдоа поради долговите на клубот. Максимов се пресели во Летонија во ФК Рига.