Фудбалерите на Кротоне и Јувентус во овие моменти го одигруваат мечот од 33. коло во Серија А.
Мечот е важен за обете екипи. Кротоне грчевито се бори за опстанок и секој бод му е важен, додека Јувентус ја напаѓа новата титула и не смее да си дозволи кикс на вакво гостување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ поведе по само 17 минути, а стрелецот по асистенцијата на Даглас Коста беше Алекс Сандро. Сепак, Кротоне стигна до израмнување во 65. минута кога гол постигна Сими.
Вистина, фудбалерот на Кротоне нне погоди ваш атрактивно како неодамна Кристијано Роналдо против Јувентус, но останува фактот дека „Старата дама“ прими два погодоци со ножички во две недели.