Младиот играч за врска на Реал Мадрид, Брахим Дијаз ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда, потврдија денес од „кралскиот“ клуб.
Од Реал објавија дека направените тестови покажале повреда на бутниот мускул, па младиот играч за врска извесно време ќе мора да паузира.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од клубот не го прецизираа точното време на рехабилитација, но се претпоставува дека Брахим Дијаз ќе биде надвор од терените неколку недели.
Реал има доста проблеми со повредени играчи, а во моментов надвор од тимот поради повреда се Еден Азар, Марко Асенсио, Родриго и Менди.