Дома Фудбал Италија Уште еден доказ дека Лукаку не е истиот играч од Јунајтед (ВИДЕО)

Уште еден доказ дека Лукаку не е истиот играч од Јунајтед (ВИДЕО)

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку оваа сезона игра фантастичен фудбал во дресот на Интер.

Многумина беа скептични кога Антонио Конте ги убеди сопствениците на Интер на лето да платат 65 милиони евра за Лукаку кој зад себе имаше две лоши сезони во Манчестер Јунајтед. Сепак, тој трансфер неколку месеци подоцна изгледа како полн погодок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лукаку во досегашниот дел од сезоната постигна 18 голови во сите натпреварувања, а имајќи предвид дека сме само јануари можеме да претпоставиме дека ќе стигне и до бројката од 30 гола.

Вчера Лукаку постигна два гола во победата против Каљари во купот на Италија, дека не е истиот играч покажува и уште еден детал. Лукаку на два пати имаше одличен прв допир со топка, после што мајсторски ги проигруваше соиграчите. Токму тој негов сегмент од играта покрај неефикасноста беше најчесто критикуван додека го носеше дресот на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …