Францускиот напаѓач, Антоан Гризман се наоѓа во голема дилема пред почетокот на Мундијалот во Русија.
Гризман се уште не донел одлука дали ќе остане во Атлетико Мадрид и наредната сезона или пак кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Очигледно дека овој напаѓач се наоѓа под голем притисок, а тоа започна да му пречи на селекторот Дидие Дешам.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според пишувањето на француските медиуми, Дешам и Гризман во текот на вчерашната вечера имале разговор и селекторот на „Триколорите“ сакал да му даде јасна порака на својот напаѓач.
На Дешам му пречи што Гризман е под притисок и му дал услов својата иднина да ја реши до крајот на неделата која е пред нас.
Дешам не сака да ја нарушува атмосферата бидејќи од Французите се очекува многу на Мундијалот. Поради тоа му порачал на Гризман брзо да донесе одлука дали останува во Атлетико или преминува во Барселона.