Борусија Дортмунд во гости ја победи Херта со 2:5, а главен актер на натпреварот беше Ерлинг Халанд.
Норвежанецот во второто полувреме од 47. до 79. минута постигна четири погодоци и уште еднаш потврди дека е вистинска гол машина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лусиен Фавре својот најдобар играч од игра го извади во 85. минута, а во таа прилика Халанд мораше да му објаснува колку голови постигнал.
„Да бидам искрен, тренерот ме праша колку голови постигнав. Тој не знаеше. Ме праша дали постигнав три гола, а јас му одговорив: ‘Само четири, бидејќи ме замени.’“ – објасни Халанд после натпреварот.
Оваа сезона Халанд во сите натпреварувања постигна 15 погодоци, од кои 10 постигна во Бундеслигата.
Erling Haaland is so good, Favre doesn’t even know how many goals he scored lmao. #BSCBVB pic.twitter.com/EM25xWZMfF
— ๒ครՇٱ 〽️ (@BastiMZR) November 21, 2020