Победникот на азиската Лига на шампиони, Урава од Јапонија е третиот полуфиналист на Светското клупско првенство кое се одржува во Саудиска Арабија, откако изненадувачки славеше над мексиканскиот Леон со 1-0.
Урава Ред Дајмондс славеше со голот на холандскиот напаѓач Алекс Шалк и во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против Манчестер Сити. Средбата ќе се одржи во вторник на 19 декември.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Во второто полуфинале директно е пласиран Флуминенсе, кој за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Ал-Итихад од Саудиска Арабија и Ал-Ахли од Египет.