Управата на Милан веќе ја испрати првата понуда за италијанскиот напаѓач Андреа Белоти.
Новата управа на Милан одработува фантастичен преоден рок. До сега пристигнаа 10 засилувања, а сега им недостасува еден напаѓач за да го комплетираат целосно новиот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мети се Никола Калиниќ (Фиорентина), Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд) и Андреа Белоти (Торино).
Од споменатите тројца очекувано еден од Белоти и Обамејанг е прва цел, додека Калиниќ е резервна опција.
Милан веќе ја испрати првата понуда за Белоти кој изнесуваше 40 милиони и плус Габриел Палета и Мбаје Нианг, но Торино истата ја одби.
Познато е дека Белоти има откупна клазула од 100 милиони евра, но таа важи само за клубовите надвор од Серија А. Првиот човек на „биковите“ им одговори на „росонерите“ и соопшти дека за улсугите на фантастичниот напаѓач бара 80 милиони евра и споменатите двајца играчи (Палета и Нианг).
Останува да видиме дали управата на Милан е спремна да понуди колку што бара Торино, но јасно е дека преодниот рок сакаат да го завршат со агажирање напаѓач од светска класа.