Барселона пронајде начин да го регистрира Феран Торес.
Од клубот вчера потврдија дека заминувањето на Кутињо на позајмица во Астон Вила не беше доволно, па се бараше друг начин. Денес е објавено дека Самуел Умтити го обновил договорот до 2026 година со намалување на платата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со тоа намалување Барселона овозможи да го регистрира Феран Торес кој пристигна од Манчестер Сити за 55 милиони евра.
Умтити со Барселона имаше договор уште година ипол. Во клубот сакаа да го продадат, меѓутоа очигледно Умтити бил упорен да остане, па морало да пронајдат друго решение. Новиот договор на Умтити со намалената плата има важност до 30. јуни 2026 година.