Севиља и Реал Мадрид ќе играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во сабота во претпоследното коло од шпанското првенствп.
За двата тима ова е важен натпревар, Реал Мадрид сака да го задржи второто место, додека Севиља се бори да стигне до местата кои водат во европските натпреварувања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, изгледа дека во овој натпревар Севиља нема да ја има целосната поддршка од трибините. Според шпанските медиуми, најверните навивачи одлучиле да го бојкотираат овој натпревар поради преседанот кој се случи изминатата недела.
Имено, на напаѓачот на Реал Мадрид му беше поништен црвениот картон кој го доби против Севиља.
Винисиус во текот на ццелиот натпревар добиваше навреди од трибините , а ескалираше во последните моменти кога Бразилецот го удри противникот и доби црвен картон. По тој негов потег ВАР реагираше и го повика судијата да ја погледне снимката.
Главниот судија ја поправи првичната одлука и го исклучи Винисиус, сепак на снимката го немаше моментот кој претходеше на ударот на Винисиус кога противникот го фати за врат и поради тоа тој црвен картон беше поништен.
Навивачите на Севиља сметаат дека немало доволно докази да се поништи тој црвен картон и затоа нема да дојдат на натпреварот.