На Винченцо Монтела му се ближи крајот во Милан.
Пред неколку дена имаше кредит од четири натпревари, а како што вечерва јавува Скај Италија, по ремито со АЕК на домашен терен и новиот состанок со директорите, ултиматумот е заострен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Фасоне и Мирабели му соопштиле на Монтела дека во следните два меча мора да освои шест бода, ако сака да го дочека големото дерби против Јувентус. Следните два меча Росонерите ги играат со Џенова на домашен терен и со Киево на гости, па со оглед на таквата ситуација Монтела можеби и би можел да го оствари ваквиот предизвик.
Да потсетиме, Милан ги загуби последните три меча во Серија А и се наоѓа на 10та позиција со 12 бодови негатива во однос на лидерот Наполи.