Русија во четвртокот ја почна инвазијата врз Украина, а тоа предизвика и голем број реакции од украинските спортисти кои играат во странство.
Еден од спортистите кои се подготвен да се борат е и Васил Кравец, 24-годишен дефанзивец на Спортинг Хихон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кравец е подготвен да се врати во татковината, но проблем му претставува тоа што не знае да ракува со оружје.
„Тие убиваат луѓе, цивили. Не сакам да кажам дека се виновни Русите, виновен е Путин. Ние сме земја која сака да живее во мир, не сакаме никого да напаѓаме, само сакаме да живееме мирно и спокојно. Ќе ви ја кажам вистината, сакам да се борам и да му помогнам на својот нард. Но, не можам затоа што не знам да пукам и да се движам. Да можам, ќе заминам да ја бранам мојата територија. Тоа е обврска на секој Украинец“, изјави 24-годишниот фудбалер.