Дома Фудбал Останато Украина ја победи Шкотска, еден меч ја дели од пласман на Мундијал🎥

Украина ја победи Шкотска, еден меч ја дели од пласман на Мундијал🎥

Фудбалската репрезентација на Украина ќе игра против Велс во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. 

Украина се пласира во финалето од баражот откако вечерва на „Ајброкс“ ја совлада Шкотска со 1:3, во првиот официјален меч од почетокот на војната.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Мечот во Глазгов започна со емотивно оддавање почест на сите загинати во војната, а потоа Украинците покажаа храброст и одиграа фантастичен меч.

Андриј Јармоленко ја најави победата со прекрасен гол во првото полувреме, кога успеа да го лобува голманот на Шкотска.

 Јаремчук со глава погоди за 2:0 на почетокот на вториот дел. Домаќините намалија пред крајот, но Украина преку контранапад стави точка на мечот за конечни 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…