Алексеј Петров кој ја извршуваше функцијата претседател на бугарската карате федерација бил убиен денес во близина на манастирот во населба Драгалевци.
Петров бил застрелан од огнено оружје, а починал подоцна откако бил пронајден од жена во тешка состојба. Покрај функциите во спортот Петров бил успешен и во други области.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роден на 23 април 1962 година во Тетевен, а во 1981 година завршил полициско училиште во Пазарџик. Осум години работел во Националната служба за безбедност.
До 1992 година бил припадник на Специјализираниот одред за борба против тероризам, каде негови колеги биле Златомир Иванов – Златко Беретката и браќата Галеви. Го напушта системот по сопствена волја, пишува БТА.
Бугарските медиуми пишуваат дека во минатото преживеал три обиди за атентат врз него.