Фудбалерот на Манчестер Сити, Сане доживеа повреда на мечот во рамки на ФА Купот против Кардиф.
На него во текот на првото полувреме жестоко стартуваше дефанзивецот на Кардиф, а 22-годишниот германски фудбалер не можеше да го продолжи мечот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повторената снимка покажа дека стартот беше навистина стравичен. Бенет по се мина само со жолт картон, но затоа Сане ќе пропушти клучен дел од сезоната.
Манчестер Сити вечерва потврди дека Сане ги повредил лигаментите на зглобот. Се работи за тешко оштетување и фантастичниот крилен фудбалер би можел да паузира во следните неколку месеци, но се уште не се знае колку долго ќе биде надвор од терените.
Сане оваа сезона блескаше во дресот на „Граѓаните“. Играше навистина одлично и постигна седум погодоци заедно со 12 асистенции во 27 настапи за Сити.