Дома Фудбал Останато УЕФА ја соопшти казната за Звезда за навредите кон Ибрахимовиќ

УЕФА ја соопшти казната за Звезда за навредите кон Ибрахимовиќ

Црвена Звезда првиот европски натпревар следната сезона ќе го игра пред празни трибини откако УЕФА ја казни за расистички испади за натпреварот против Милан.

Белграѓаните исто така се казнети со 25.000 евра поради истиот инцидент, а и 5.000 евра поради кршење на безбедносните протоколи за време на пандемијата со Ковид-19. Според казната ќе треба да стават и знаме преку целата трибина со логото на УЕФА на кое ќе пишува „Не на расизмот“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причина за казните се нападите на сметка на Ибрахимовиќ кој не играше и беше навредуван на национална основа заедно со различни пцовки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса се пласира во полуфинале, а Флик застана пред камера и одржа лекција на играчите: Ова станува проблем

Барселона се пласираше во полуфиналето на Купот на кралот затоа што синоќа во гостувањето …