Дома Фудбал Останато УЕФА ја собра тренерската елита – Фергусон знае кој ќе доминира во Европа

УЕФА ја собра тренерската елита – Фергусон знае кој ќе доминира во Европа

Во седиштето на УЕФА, Нион се одржа традиционалната средба на најдобрите тренери во Европа, како и големи фудбалски имиња од минатото.

На 19-от елитен тренерски форум на УЕФА, најелитните тренерски имиња како Сер Алекс Фергусон, Зинедин Зидан, Масимилиjано Алегри, Ернесто Валверде, Рафаел Бенитез, Жозе Мурињо, Леонардо Жардим разговараа за нови идеи и иднината на фудбалот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Легендарниот Алекс Фергусон имаше свое видување за моменталната ситуација во европскиот фудбал и истакна дека Реал Мадрид ќе доминира во наредните 3 до 4 години.

„Многу е тешко да се победи Реал Мадрид во овој момент, нема потежок предизвик од тоа во фудбалот. Ако останат сплотени како што се сега, тие ќе доминираат во наредните три или четири години“, истакна Фергусон.

„Мислам дека никој подобро не ја разбира механиката на играта отколку тренерот. Преку овие средби разменуваме искуства и си даваме совети за тоа каде може да се подобри играта. Тренерите сакаат да се развива фудбалот на вистински начин и да биде се подобар“, заклучи Сер Алекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…