Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во наредното коло од Лигата на шампионот, односно во натпреварот со Аталанта ќе смета и на Ван Бисака.
Во претходниот натпревар против Виљареал место стандардниот десен бек играше Дало кој прилично се мачеше и на крајот Јунајтед и поради него прими гол. Ван Бисака беше суспендиран поради црвениот картон против Јанг Бојс. Суспензијата беше два натпревари, но после жалбата на Јунајтед суспензијата се намали на еден натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жалбата која ја приложи Манчестер Јунајтед е прифатено. Поради тоа одлуката за суспензија се менува на еден натпревар“, се наведува соопштението.