Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека во финишот од преодниот рок може да видиме трампа помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова лето Манчестер Јунајтед се обидуваше да го доведе Френки Де Јонг, но Холанѓанецот на крајот остана на „Камп Ноу“. Потоа се споменуваше Мемфис Депај, а сега се најавува дека овие два клуба можат да направат трампа.




Во зделката би биле вклучени Сержињо Дест и Арон Ван Бисака, двајца фудбалери кои не се во плановите кај Чави и Тен Хаг.




„Спорт“ пренесува дека преговорите се интезивирале во последните часови и постојат шанси да се најде формула до крајот на преодниот рок.